Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Според најавите од УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Од УХМР информираат дека во текот на следната седмица ќе преовладува променливо облачно време.
„Од понеделник до среда ќе има локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање“,
соопшти УХМР.
