Оттаму додаваат дека термин за фотографирање во моментот се добива во рок од еден ден, а возачките дозволи се издаваат за само неколку дена, што е побрзо од законски предвидениот рок

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги отфрла како невистинити информациите што се шират на социјалните мрежи за наводен недостиг на обрасци за возачки дозволи.
Од министерството ги уверуваат граѓаните дека процесот на издавање документи се одвива без никакви пречки.
Според информациите, МВР располага со резерви на обрасци што се доволни за потребите на граѓаните во наредните три години.
Оттаму додаваат дека термин за фотографирање во моментот се добива во рок од еден ден, а возачките дозволи се издаваат за само неколку дена, што е побрзо од законски предвидениот рок.
Од МВР апелираат до јавноста да не се шират дезинформации со кои се создава забуна меѓу граѓаните.
