Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за изолирана појава од грмежи. Ќе дува југоисточен ветер, што во вторник ќе биде засилен вдолж Повардарието со брзина над 60 километри на час

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави дека од вторник до четврток претстојнава недела времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за изолирана појава од грмежи. Ќе дува југоисточен ветер, што во вторник ќе биде засилен вдолж Повардарието со брзина над 60 километри на час.
Потоа, во петок и во сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од три до 11, а максималните од 14 до 23 степени.
Утре, пак, понеделник, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час. Минималните температури ќе бидат во интервал од четири до десет, а максималните до 21 степен. Во Скопје слично време со температура од осум до 20 степени.
