Во Скопје времето ќе биде со услови за слаб дожд претпладне, а потоа променливо облачно со пократки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 16 степени

Претежно облачно, а претпладне во источните делови со услови за слаб локален дожд. Вакви ќе биде времето денеска според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде со услови за слаб дожд претпладне, а потоа променливо облачно со пократки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Од УХМР најавуваат дека утре и задутре (недела и понеделник) следува преодна стабилизација на времето. Во недела ќе биде умерено облачно со подолги сончеви периоди, а во понеделник претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди во централните делови од земјава.
Од вторник следува период на претежно облачно време со врнежи од дожд. Во вторник врнежите ќе бидат претежно во западните и северните делови.
В среда и в четврток облачно со слаби врнежи од дожд насекаде, кои ќе бидат пообилни во четврток, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе биде засилен, повремено силен и ќе достигне брзина од 50 километри на час.
