Дете на возраст од 12 години синоќа било прободено со нож во близина на Зелен пазар, соопшти скопската полиција.
Случајот бил пријавен околу 20 часот, а малолетникот бил пренесен во Градската болница „Св. Наум Охридски“ каде што докторите констатирале повреди.
Полицијата вели дека работи на расчистување на случајот.
