За утре се најавува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди во текот на денот и со слаб до умерен северозападен ветер

Сончево време со мала до умерена облачност е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од минус три до седум Целзиусови степени, а дневната од 10 до 20 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од три степени наутро до 18 во текот на денот.
За утре се најавува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди во текот на денот и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.
Во сабота во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. До недела, утринските температури на некои места ќе се спуштаат под нула степени и ќе има појава на утрински мразеви.
