ДУИ изборната кампања денеска ќе ја започне од Преспа каде што ќе има промотивна конвенција на кандидатите за пратеници, а од партијата најавија дека лидерот Али Ахмети оттаму ќе го претстави и кандидатот за прв премиер Албанец.
„Али Ахмети вети дека на првиот ден од кампањата ќе се открие името на првиот албански кандидат за премиер. По тој повод на преспанската конвенција во петтата изборна единица каде што ДУИ ќе ги промовира кандидатите за пратеници, лидерот Али Ахмети ќе го објави името на кандидатот за премиер означувајќи го официјалниот почеток на кампањата за изборите на 15 јули“,
пишува во соопштението од ДУИ.
