Советникот на регионалниот директор Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, д-р Фабио Скано, денеска пристигнал во посета на земјава на покана на Министерството за здравство.
Тој, велат од министерството, денеска имал средби со министерот Венко Филипче, со претставници од Комисијата за заразни болести, Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), лабораториите за Ковид-19 и други здравствени установи кои се вклучени во справувањето со епидемијата.
„На средбата беа споделени досегашните искуства, но и препораки за понатамошно справување со коронавирусот, а беше дискутирано и како да се подобри разбирањето за развојот на ковид-19 и влијанието на тековните мерки за заштита од ширење на вирусот“,
соопштија од Министерството за здравство.
Посетата е во рамки на соработката во борбата против пандемијата помеѓу Канцеларијата на СЗО во земјава и Владата.




