Јавните комунални претпријатија од двете општини препорачуваат пред пиење водата да се преврива
Поради обилни врнежи, водата во Кавадарци и Неготино е заматена и потребно е да се преврива пред употреба – информираа утринава јавните комунални претпријатија од двете општини.

„Поради обилните дождови на изворите Лукар, ве известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање потребно е да се преврива. Јавното претпријатие ‘Комуналец’ Кавадарци ја следи состојбата и дополнително ќе известиме кога повторно ќе се нормализира“,
информираа утринава од кавадаречкото претпријатие.
Известување до граѓаните и препорака за превривање на водата пред употреба утринава испрати и неготински „Комуналец“.
