Од вкупно 3 012 активни случаи со ковид-19 во земјава, најмногу, 1 734, се во Скопје.
По општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) најмногу има во Чаир – 402, Гази Баба – 150, Бутел – 138, Сарај – 137, Аеродром – 136, Центар – 131, Карпош – 116, Кисела Вода – 98, Студеничани -86, Ѓорче Петров – 80, Шуто Оризари – 73, Арачиново – 49, Илинден – 31, Петровец – 16, Чучер Сандево – 15, Сопиште – 12 и Зелениково-2.
Во статистиката за Скопје има и четворица страници и уште четири случаи на ковид-19 кои не се распределени по општини.
