Акцијата, како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР) се презема по обезбедени наредби за претреси и во координација со Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, со цел обезбедување докази
Се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за производство и дистрибуција на детска порнографија, информираат денеска дел од медиумите. Како што пренесува МИА, станува збор за акција што се спроведува во координација меѓу Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, во која се спроведуваат дејствија за обезбедување докази за овој случај.

Од МВР информираат дека по обезбедени наредби за претреси и во координација со ОЈО Скопје се преземаат дејствија за обезбедување докази.
И од Обвинителството потврдија дека претресите се вршат во координација со МВР.
„Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје обезбеди наредби за претреси и во координација со МВР се преземаат дејствија за обезбедување докази“,
се вели во соопштението од Обвинителството.
Повеќе детали додека траат претресите, како што додаваат оттаму, не можат да се споделат.
Според информациите на дел од медиумите, претресите се вршат на седум локации низ државата, со цел обезбедување докази за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.
