Цената на нафтата од типот „брент“ скокна за 4,8 отсто на 106,02 долари, додека суровата нафта „Западен Тексас интермедиејт“ порасна за четири отсто на околу 104 долари
Зголемувањата на цената на нафтата, според аналитичарите на оваа проблематика, се јасна проверка на пазарната реалност по претходниот оптимизам за прекин на огнот. Иако говорот на Трамп нема конкретна временска рамка за повторно отворање на Ормускиот Теснец, сепак, според нив, враќањето во нормала сега се чини дека можеби ќе се случи за неколку месеци, а не за неколку недели
Цените на нафтата пораснаа, а акциите паднаа откако вчера американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор од Белата куќа, на кој рече дека неговите клучни цели во војната со Иран се блиску до завршување и дека во следните две до три недели САД ќе го погодат Иран „многу силно“.

Ги повика земјите на кои им е потребна нафта од Блискиот Исток да ја преземат водечката улога во одржувањето на Ормускиот Tеснец како отворена клучна транспортна рута, тврдејќи дека на САД не им е потребна енергија од регионот.
Теснецот е клучен за глобалната економија бидејќи околу 20 отсто од светската енергија обично поминува низ овој транспортен премин. Тој е ефикасно затворен од почетокот на конфликтот, бидејќи Иран возврати на нападите на САД и Израел, заканувајќи се дека ќе нападне бродови што го користат водниот пат.
По говорот на Трамп, цената на нафтата од типот „брент“ скокна за 4,8 отсто на 106,02 долари, додека суровата нафта „Западен Тексас интермедиејт“ порасна за четири отсто на околу 104 долари.
Претходно, „брент“ се тргуваше за околу 100 долари за барел.
Зголемувањата на цената на нафтата, според аналитичарите на проблематиката, се јасна проверка на пазарната реалност по претходниот оптимизам за прекин на огнот. Иако говорот на Трамп нема конкретна временска рамка за повторно отворање на Ормускиот Теснец, сепак, според нив, враќањето во нормала сега се чини дека можеби ќе се случи за неколку месеци, а не за неколку недели.
Со повикот до другите нации да се вклучат во одржување на Теснецот, пак, додаваат дека Трамп ги разбива надежите дека ќе бидат брзо решени прекините во глобалните снабдувања со енергија.
Како што пренесува Би-би-си, по говорот на Трамп паднаа и главните берзански индекси во Азија, поништувајќи ги претходните добивки.
Јапонскиот Никеи 225 падна за 1,4 отсто, а Топикс за 0,94отсто. И јужнокорејскиот Коспи падна за 2,82 отсто, додека Косдак падна за 3 отсто.
