Ова е прв ваков случај во последните месеци, за разлика од претходно кога во повеќе наврати мечки беа забележани во неколку села во западните делови на земјава
Кафеава мечка синоќа била забележана на паркинг-простор во селото Ростуше. На социјалните мрежи е објавена и видеоснимка од настанот, на која се гледа како мечката се шета покрај возилата на паркингот, а кога почнуваат да ја лаат кучиња, таа се оддалечува.

Ова е прв ваков случај во последните месеци, за разлика од претходно кога во повеќе наврати мечки беа забележани во неколку села во западните делови на земјава. Директорот на Националниот парк „Маврово“, Харис Ибраими, во изјава за МИА вели дека како и претходно, така и сега се преземени сите потребни мерки.
„Веќе ги имаме информирано соодветните министерства – за земјоделство, шумарство и водостопанство, за животна средина, како и за внатрешни работи. Досега нема пријава на штета предизвикана од мечки“,
вели Ибраими во изјава за МИА.
Додава дека на територијата на Националниот парк „Маврово“ има над 180 единки.
