За СДСМ е спорно тоа што името на обвинителката Костеска-Здравеска се споменувало во разговорите меѓу поранешни владини функционери во т.н. „бомби“ што социјалемократите ги објавуваа пред десетина години, а во кои според нив се договорал тогашниот нејзин избор
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Макдонија (СДСМ) преку писмено соопшти ја оцени како скандалозна одлуката на новоизбраниот државен јавен обвинител, Ненад Савески, да гласа за обвинителката Јасмина Костеска-Здравеска за шеф на скопското Вишо јавно обвинителство.

Според социјалдемократите од „Бихаќка“, ваквата позиција на Савески, кој за јавен обвинител на РС Македонија беше избран на предлог на Владата, е уште еден доказ дека извршната власт систематски се обидува да го правосудството со, како што велат, свои инсталации.
За СДСМ е спорно тоа што името на обвинителката Костеска-Здравеска се споменувало во разговорите меѓу поранешни владини функционери во т.н. „бомби“ што социјалемократите ги објавуваа пред десетина години, а во кои според нив се договорал тогашниот нејзин избор.
„’Таа што сме ја договарале“, ‘Ја квалификувавме како наша’, ‘Мажи и у Лустрациска’ и ‘Наша е, кога ќе го видиш ќе ти текне човекот’“,
велат од СДСМ, објавувајќи разговор од т.н. „бомби“ меѓу поранешниот директор на тогашната Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Од СДСМ наведуваат дека обвинителката за која станува збор е сопруга на Вецко Здравески, кој, како што потсетуваат, беше член на поранешната Комисија за лустрација и бил задолжен за досието на писателот Славко Јаневски, кого Комисијата го лустрираше.
Во насока на одлуката на Савески, од опозициската партија упатуваат неколку прашања до него, а во контекст на вчерашното излагање на премиерот Христијан Мицкоски, кој од собраниската говорница, одговарајќи на пратеничко прашање, кажакави очекувања има од новиот државен јавен обвинител.
„Вака ли Савески ќе спроведува ʼреформиʼ со партиските кадри на ВМРО? Савески треба да одговори дали ова му била дадена како задача лично од Мицкоски? Мицкоски му додели задачи на новиот јавен обвинител од собраниската говорница. Советници на Мицкоски и сопруги на градоначалници на ВМРО се бираат за судии. Власта со напади на СЈО за рушење на пресудите и враќање на Груевски. Се спрема нова кампања со (Бојан Јовановски) Боки 13 и Катица Јанева. Црни кампањи и јавен линч на опозицијата. Се враќаме во 2016 година!“,
се вели во соопштението од СДСМ.
Инаку, Советот на јавни обвинители (СЈОРМ) на денешната 40. седница не донесе одлука за избор на нов шеф на скопското Вишо јавно обвинителство, бидејќи ниту еден од петтемина пријавени кандидати не го доби потребното мнозинство.
На седницата Советот ги разгледа кандидатурите на Фатиме Фетаи, Владимир Милошевски, Артај Ајро и Јасмина Костеска-Здравеска. Не се разгледа кандидатурата на петтиот кандидат Александар Марковски оти веќе беше избран за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
За нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, првично беа пријавени седум кандидати, но, како што информира претседателот на Советот, Башким Селими, двајца од нив – Џелал Бајрами и Трајче Пеливанов ги повлекле кандидатурите.
Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека останува на ставот да им се даде шанса на сите за напредок и посочи дека ќе гласа за Јасмина Костеска-Здравеска.
„Обвинител со интегритет и има вештини како личност и е препознаена во фелата како позитивна и добронамерна, што се важни карактеристики за една менаџерска функција“,
рече Савески.

Прашан за коментар од новинарите во врска со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, новоизбраниот државен јавен обвинител рече дека никогаш нема да коментира ничија изјава и нагласи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е да организира средба со јавните обвинители во Јавното обвинителство.
