Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на својот фејсбук-профил напиша дека е време да се отвораат границите без никакви ограничувања.
„Време е да ги отвориме аеродромите и границите без ограничувања!“,
напиша Османи.
Можноста за целосно отворање на границите без сегашните услови, односно задолжителен ПСР-тест и самоизолација ќе биде тема на разговорот со Комисијата за заразни болести и денеска, по што ќе се донесе соодветна одлука.
Министерот за здравство Венко Филипче најави дека одлуката ќе биде донесена во координација со околните земји во согласност со едпидемиолошката состојба.
Тој сепак рече дека животот мора да се врати во нормала и дека мерките за заштита ќе треба уште долго да се применуваат.
