Професорката по кривично право Беса Арифи, по отворената истрага и апсењата за случајот „Рекет“ и одземањето на мобилниот телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вели дека тажен е денот кога челникот на СЈО се поврзува со кривични дела од областа на организираниот криминал и рекетарството, но вели дека одговорноста е индивидуална.
„Тажен е денот кога некој што е на чело на важна институција како што е СЈО, се поврзува со такви тешки индиции и сомнежи за тешки организирани кривични дела, којшто во основата се организиран криминал и рекетарство. Меѓутоа, треба да се има предвид дека во кривичното право одговорноста е индивидуална и секој треба да одговара за своите дела за што мора да има целокупна и сеопфатна, транспарентна истрага којашто треба да ги вклучи сите инволвирани лица. Меѓутоа, тоа не значи и не би смеело да се толкува како несоодветно и несовесно работење на целата институција СЈО за сите досега процесуирани случаи и не би смеело да се користи како каков било основ за амнестија на целиот тој криминал што го истражуваш и гонеше СЈО, а којшто веќе стига до фази да биде и осуден во рамки на судскиот систем. Не би смеело ова да се користи како пригода да се фрли сенка на целата досегашна работа на СЈО, можеби опфаќа помала група на луѓе, кои ако извршиле дејствија, мора да понесат одговорност. Во СЈО работат многу истражители и обвинители кои работеле на воспоставување правда. Работите не треба да бидат генерализирани, но, секој индивидуално треба да одговара доколку се докаже дека се сторени такви недела“,
вели Арифи.
поврзана вест: Тортевски: „Рекет“ не треба да ги доведе под знак прашање другите предмети на СЈО
поврзана вест: Боки 13 го користел СЈО за рекет од 8 милиони евра