Од ОКТА посочуваат дека мерките имаат за цел да им овозможат на големопродажните и малопродажните трговци овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава, додавајќи дека имаат целосна слобода самостојно да ги дефинираат своите цени
Наместо до крајот на март, попустот што компанијата ОКТА го воведе за горивата ќе трае до 6 април – информира денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Дополнително, компанијата донела одлука за воведување дополнителен попуст од еден денар по литар за дизелот, што значи дека од денеска попустот се зголемува од два на три денари по литар.
„Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, преку интензивна и директна комуникација со компанијата ОКТА, иницираше и обезбеди унапредување на условите за попустите на нафтените деривати, со јасна цел – дополнително намалување на ценовниот притисок врз граѓаните и стопанството“,
рече Божиновска во видеообраќање.
Од ОКТА посочуваат дека мерките имаат за цел да им овозможат на големопродажните и малопродажните трговци овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава, додавајќи дека трговците имаат целосна слобода самостојно да ги дефинираат своите цени, согласно нивната комерцијална политика.
