Градоначалничката Шарлот М. Мозес соопшти дека нема повредени во експлозијата и апелираше до жителите од западниот дел на градот да останат дома додека пожарникарските екипи се борат да го локализираат пламенот

Силна експлозија ја потресе рафинеријата за нафта „Валеро“ во градот Порт Артур, принудувајќи го локалното население на евакуација.
Градоначалничката Шарлот М. Мозес соопшти дека нема повредени во експлозијата и апелираше до жителите од западниот дел на градот да останат дома додека пожарникарските екипи се борат да го локализираат пламенот.
JUST IN: Explosion reported at Valero refinery in Port Arthur, Texas. Nearby residents told to shelter in place pic.twitter.com/wjYPyx98PW
— BNO News (@BNONews) March 24, 2026
Рафинеријата што вработува околу 770 луѓе, е со капацитет за преработка на околу 435 илјади барели нафта дневно.
Државниот пратеник Кристијан Мануел соопшти дека Комисијата за квалитет на животната средина на сојузната држава Тексас е на терен, експерти ја следат ситуацијата и се надгледува квалитетот на воздухот.
Valero oil refinery in Port Arthur right now pic.twitter.com/1oamaQOauW
— Surajit (@surajit_ghosh2) March 24, 2026
Локалните власти излегоа со предупредување до локалните жители да ги ограничат активностите на отворено и да ги затворат прозорците и вратите додека се стабилизира ситуацијата.
Пратеникот во Собранието на Тексас, Кристијан Мануел, објави на социјалните мрежи дека Тексашката комисија за квалитет на животната средина пристигнала во рафинеријата со опрема за следење на квалитетот на воздухот и дека соработува со локални и државни партнери.
Причините за експлозијата се утврдуваат.
