Во авионот имало 128 луѓе односно 11 припадници на колумбиските воздухопловни сили, 115 припадници на армијата и двајца припадници на националната полиција
Министерството за одбрана на Колумбија соопшти дека воен авион од типот „Херкулес Ц-130“, од американско производство, се урнал, додека локалните медиуми наведуваат дека во леталото се наоѓале околу 110 војници.

Министерот за одбрана на Колумбија, Педро Санчез, изјави дека несреќата се случила при полетување од база во колумбискиот дел на прашумата Амазонија, на границата со Перу, додека авионот превезувал припадници на вооружените сили.
Како што информира началникот за одбрана Ухо Алехандро Лопес Барето, при падот на авионот загинале 66 припадници на вооружените сили.
Тој посочи дека во авионот имало 128 луѓе односно 11 припадници на колумбиските воздухопловни сили, 115 припадници на армијата и двајца припадници на националната полиција.
Сè уште е непозната причината за несреќата.
