Разговорите на министерот за надворешни работи и еврокомесарката биле насочени на текот на пристапниот процес, имплементацијата на Планот за раст и Реформската агенда. Во оваа насока било поздравено пристапувањето на земјава кон Единствената европска платежна област (СЕПА), како и активностите за усогласување со роаминг-правилата на ЕУ
Владата останува целосно ангажирана во остварувањето напредок во евроинтегративниот процес и мобилизирана во исполнувањето на реформската агенда – порачал министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски за време на денешната средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос во Брисел.

Разговорите на Муцунски и Кос биле насочени на текот на пристапниот процес, имплементацијата на Планот за раст и Реформската агенда. Во оваа насока било поздравено пристапувањето на земјава кон Единствената европска платежна област (СЕПА), како и активностите за усогласување со роаминг-правилата на ЕУ.
Шефот на македонската дипломатија и еврокомесарката отвориле и други актуелни прашања од делот на секторската соработка со Европската Унија, со фокус на економската интеграција и поврзаноста.
Освен со Кос, за време на посетата на Брисел, Муцунски имал брифинг и со претставниците на земјите членки во работната група за проширување при Советот на ЕУ на кој ја реафирмирал посветеноста на Владата кон европскиот пат.
