Новинската агенција Фарс, повикувајќи се на извор во иранското раководство, објави дека немало директна или индиректна комуникација меѓу Техеран и Вашингтон. Како што наведува „Фарс“, Трамп ги откажал нападите врз иранските електрани откако Иран предупреди дека ќе возврати со напади врз електраните во регионот
Иранските новински агенции, повикувајќи се на извори, објавија дека нема директна или индиректна комуникација меѓу Иран и САД и дека Ормускиот Теснец нема да се врати во својата состојба од пред војната, со што ја негираа објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД и Иран воделе продуктивни разговори.

Новинската агенција Фарс, повикувајќи се на извор во иранското раководство, објави дека немало директна или индиректна комуникација меѓу Техеран и Вашингтон. Како што наведува „Фарс“, Трамп ги откажал нападите врз иранските електрани откако Иран предупреди дека ќе возврати со напади врз електраните во регионот.
Иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на зборовите на ирански функционер, објави дека Ормускиот Теснец нема да се врати во својата состојба од пред војната и дека енергетските пазари ќе останат нестабилни, додавајќи дека не се водат никакви преговори со САД.
Тасним објави дека американскиот претседател ги откажал нападите врз клучната иранска инфраструктура поради притисокот на финансиските пазари, а новинската агенција, исто така, предупреди дека Техеран ќе продолжи да се брани сè додека не постигне одвраќање.
САД и Иран во последните два дена имаа многу добри и продуктивни разговори за целосно решавање на нашите непријателства на Блискиот Исток, напиша Трамп претходно во објава на неговата социјална мрежа Трут сошал.
„Му наложив на Министерството за војна да ги одложи сите воени напади врз иранските електрани и енергетската инфраструктура за пет дена, во очекување на успехот на тековните состаноци и дискусии“,
додаде американскиот претседател, откако во саботата се закани дека иранските електрани ќе бидат уништени ако Техеран целосно не го отвори Ормускиот Теснец за сите бродови во рок од 48 часа.
