Одлуката следува по најавата за дополнително поскапување на горивата од понеделник
Владата за утре во 12 часот напладне закажа седница на која треба да се донесат вонредни мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата.

„Иако земјава има убедливо најевтини горива во регионот, се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените на дизелот и на бенизините. Заради тоа, Владата утре во 12 часот ќе има седница на која ќе се донесат вонредни мерки за борба против високите цени на бензините со кои ќе се ублажи ценовниот скок“,
велат од Владата.
Оттаму посочуваат дека константно ја следат состојбата со цените на светските нафтени берзи.
Компанијата „Макпетрол“ во понеделникот како најдобро решение за надминување на проблемот за сите засегнати страни предложи замрзнување на набавните цени на нафтените деривати, а со тоа и на малопродажните цени, како што е пракса во Европа.
