Ниту една од ракетите, лансирани на околу 3 810 километри од брегот на Иран, не ја погодила базата, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на свои извори
Иран испали две балистички ракети со среден дострел кон „Диего Гарсија“ – заедничка воена база на САД и Велика Британија во средината на Индискиот Океан, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на американски официјални лица. Ниту една од ракетите, лансирани на околу 3 810 километри од брегот на Иран, не ја погодила базата.

Според изјавите на американските официјални лица кои ги цитира „Волстрит џурнал“, една од ракетите откажала во текот на летот, а кон другата бил лансиран пресретнувач СМ-3 испален од американски воен брод. Сепак, како што пишува американскиот весник, потегот ја означува првата оперативна употреба на интерконтинентални ракети со среден дострел од страна на Иран и е значаен обид да погоди подалеку од Блискиот Исток.
Ниту Пентагон ниту Министерството за одбрана на Велика Британија засега не ги коментираа наводите.
„Диего Гарсија“ е клучен аеродром за американската флота тешки бомбардери и долго време служи како клучна воена станица на САД за операции далеку од дома.
