Од полицијата велат дека се испрашуваат сведоците, вклучувајќи ги и градежните работници кои ја преживеале несреќата

Четири лица се загинати, а едно е повредено откако се урна скеле на градилиште во дворот на станбена зграда во луксузниот деветти округ на Виена, изјави портпаролот на полицијата.
Според него, причината за уривањето и точната природа на работата што се одвивала не се јасни. Тој додава дека зградата била стара, типична за областа, каде што голем дел од архитектурата е од 19 век.
Портпаролот на службата за брза помош изјави дека петтото лице, 45-годишен маж, е сериозно повредено.
Улицата во која се случила несреќата, „Порцелангасе“, поминува во средината на округот, во близина на француското училиште во градот и блиската палата „Лихтенштајн“, една од најлуксузните историски палати во градот.
Од полицијата велат дека се испрашуваат сведоците, вклучувајќи ги и градежните работници кои ја преживеале несреќата.
