На заболените со ковид-19 во земјава од денеска им е достапен лекот „Фавипиравир“ (АВИГАН), соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Се работи за итна неповратна помош преку Амбасадата на Јапонија наменет за земји погодени од ковид-19, во партнерство со УНОПС – Канцеларијата за проекти на ОН.
„Станува збор за антвирусна терапија што во Јапонија се користи за третман на инфлуенцата во 2014 година и се уште не е одобрен да биде специфичен лек за ковид-19, но во тек се бројни клинички студии и од искуствата во апликацијата веќе има доста добри резултати во повеќе земји“,
рече Филипче на денешната прес-конференција искажувајќи благодарност до Амбасадата на Јапонија.
Генеричките форми на овој лек веќе се одобрени во Русија и во Индија, а се користат и во други земји во светот како офлејбл лек, бидејќи за да биде дефинитивно потврдено нивното користење потребно е да завршат клиничките студии.
Но, како што рече Филипче, очигледно е декаима добри резултати кај пацинетите во многу земји и затоа се препишува после бројни анализи на крвта.
