По привремениот прекин на летовите поради инциднетот со дронот, службите на меѓународниот аеродром објавија дека неговото функционирање постепено се нормализира
Пожар ноќеска избувна во близина на Меѓународниот аеродром во Дубаи, како последица на инцидент со беспилотно летално, објави прес-службата за аеродромот, додавајќи дека во случајот нема пријавено повредени лица.

На фотографиите и видеата што ги пренесоа светските медиуми може да се види како црн густ чад се издига над областа. Властите во Дубаи соопштија дека пожарот избувнал откако беспилотно летало погодило резервоар за гориво, по што веднаш биле испратени тимови за цивилна одбрана за да го стават огнот под контрола.
Како што пренесе „Гардијан“, Министерството за одбрана на Обединетите Арапски (ОАЕ) утрово соопштило дека воздушната одбрана на заливската земја презема дејствија за справување со напади со ракети и беспилотни летала кои доаѓаат од Иран.
„Звуците што се слушаат во одделни области на земјата се резултат на пресретнувањето на балистичките ракети од страна на системите за воздушна одбрана, како и на пресретнувањето на беспилотни летала и ракети од страна на борбените авиони“,
се вели во објавата на Министерството за социјалната платформа Икс.
تتعامل حالياً الدفاعات الجوية الإماراتية مع اعتداءات صاروخية وطائرات مسيرة قادمة من إيران وتؤكد وزارة الدفاع أن الأصوات المسموعة في مناطق متفرقة من الدولة هي نتيجة اعتراض كل من منظومات الدفاع الجوي للصواريخ البالستية، والمقاتلات للطائرات المسيرة والجوالة.
— وزارة الدفاع |MOD UAE (@modgovae) March 16, 2026
UAE air defences are… pic.twitter.com/o6vej8IqrZ
По привремениот прекин на летовите поради инциднетот со дронот, службите на меѓународниот аеродром објавија дека неговото функционирање постепено нормализира.
„Летовите до и од ‘Ди-екс-би’ (DXB) постепено продолжуваат до одредени дестинации, по привремената суспензија спроведена како превентивна мерка“,
објави аеродромот на Икс.
Оттаму ги повикале патниците да се консултираат со авиокомпаниите со кои патуваат во однос на ажурирањето на распоредот на одредени летови.
Flights to and from DXB are gradually resuming to selected destinations, following the temporary suspension implemented as a precautionary measure.
— DXB (@DXB) March 16, 2026
Please check with your airlines for the latest updates regarding your flights.
Инаку, Меѓународниот аеродром во Дубаи, вообичаено е најпрометниот аеродром во светот за меѓународни летови, но ситуацијата е драстично променета изминатите неколку недели поради воената операција Соединетите Американски Држави (САД) и Израел врз Иран, на која Техеран возврати, меѓу другото, и со напади на цели во државите од Заливот.
Имено, според пишувањата на медиумите, земјите од Арапскиот Залив се соочија со повеќе од 2 000 напади со ракети и дронови од почетокот на американско-израелската војна против Иран на 28 февруари.
Цели беа американските дипломатски мисии и воени бази, но и клучната нафтена инфраструктура во Заливот, како и пристаништа, аеродроми, хотели, станбени и комерцијални згради.
Обединетите Арапски Емирати, кои ги нормализираа односите со Израел во 2020 година, се соочија со најголемиот дел од нападите.
