Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и во среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни
Денеска времето во земјава во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, додека попладне се очекува зголемување на облачноста, наместа со услови за слаби врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб од умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура се движи во интервал од минус три до четири степени, а максималната дневна ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, претпладне сончево со умерена облачност, а попладне ќе има зголемување на облачноста. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 17 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и во среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Во среда и во четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец. Дневната температура се очекува да биде во опаѓање.
