Според најавата, на расправата ќе бидат поканети сите засегнати страни, вклучително и претставници на граѓанските организации, иницијативи и стручната јавност
Министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на А-интегрираната дозвола за Цементарницата „Усје“, за што веќе е поднесено барање.

Според најавата, на расправата ќе бидат поканети сите засегнати страни, вклучително и претставници на граѓанските организации, иницијативи и стручната јавност.
„Сметаме дека суштинскиот придонес се остварува преку отворен и аргументиран дијалог во институционални рамки. Граѓанскиот сектор е важен партнер во напорите за заштита на животната средина. А, токму преку транспарентни процеси може да се изгради доверба во институциите и да се обезбедат одржливи решенија во интерес на граѓаните“,
се наведува во соопштението на Министерството.
Од МЖСПП посочуваат дека министерот Хоџа го почитува и поддржува секој мирен протест како демократско право на граѓаните и останува посветен на јакнење на транспарентноста и отвореноста на институцијата.
