До крајот на работната недела ќе се задржи стабилното време со пораст на температурите, а во текот на викендот времето ќе биде посвежо со услови за слаби врнежи од дожд
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -4 до 0, додека максималните ќе се искачат од 10 до 20 Целзиусови степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 0 до максимални 19 степени.
Според УХМР, до крајот на работната недела ќе се задржи стабилното време со пораст на дневните температури, а во текот на викендот времето ќе биде посвежо со услови за слаби врнежи од дожд.
