Според МНР, на скопскиот аеродром пристигнаа вкупно 150 патници, од кои 125 се македонски државјани, седум се државјани на Србија, 11 на Косово, по двајца на Босна и Херцеговина и Албанија, а по еден на Германија, Ерменија и Црна Гора
Втората група македонски граѓани евакуирани од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) со лет од Дубаи вечерва пристигна на скопскиот аеродром, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР).

„На скопскиот аеродром пристигнаа вкупно 150 патници, од кои 125 се македонски државјани, седум се државјани на Србија, 11 на Косово, по двајца на Босна и Херцеговина и Албанија, а по еден на Германија, Ерменија и Црна Гора“,
се вели во соопштението од ресорното Министерство.
Инаку, летот е организиран од страна на МНР, а трошоците за негова реализација се целосно покриени од државата.
Во текот на утрешниот ден се очекува во Приштина да пристигне третата група граѓани, за кои е предвидено да полетаат од Ријад, Кралството Саудиска Арабија, по што ќе биде организиран превоз за патниците до Скопје.
