И во Скопје ќе биде променливо облачно, а претпладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со слаб дожд во утринските и попладневните часови, особено во западните делови од земјата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Попладне се очекува облачноста да се намали.
„Температурите ќе се движат во интервал од 1 до 16 степени“,
се вели во соопштението од УХМР.
И во Скопје ќе биде променливо облачно, а претпладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд.
Од утре, па во следните денови се очекува период на претежно стабилно време. Ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност.
