За време на викендот и до средината на следната недела ќе има стабилно и суво време

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб локален дожд и со услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието. Утринската температура ќе биде од минус еден до шест Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од седум до 17 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде од пет степени наутро до 14 во текот на денот.
За утре во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи се вели дека времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во текот на денот ќе биде од 12 до 19 степени.
За време на викендот и до средината на следната недела, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време.
