Посочи дека нашата земја е целосно солидарна со Турција, како сојузник на НАТО, и повика на итна деескалација и целосно почитување на меѓународното право
Откако денеска турското Министерство за одбрана објави дека системот за ракетна одбрана на НАТО пресретнал балистичка ракета лансирана од Иран, на својот профил на Икс се огласи и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој посочи дека ваквите акции се неприфатливи и дестабилизирачки.

Посочи дека нашата земја е целосно солидарна со Турција, како сојузник на НАТО.
„Ваквите акции го нарушуваат меѓународниот воздушен простор, ги ескалираат тензиите и ја поткопуваат регионалната стабилност“,
напиша тој на Икс.
Министерот повика и на итна деескалација и целосно почитување на меѓународното право.
Iran’s missile launch toward Türkiye – a NATO Ally – is unacceptable and destabilizing. Such actions violate international airspace, escalate tensions, and undermine regional stability. We stand in full solidarity with 🇹🇷 and call for immediate de-escalation and full respect for…
— Timco Mucunski (@TimcoMucunski) March 4, 2026
Турското Министерство за одбрана денеска објави дека системот за ракетна одбрана на НАТО пресретнал балистичка ракета лансирана од Иран.
Инаку, ракетата била пресретната пред да влезе во турскиот воздушен простор.
„Балистичка ракета испукана од Иран, која беше откриена како се упатува кон турскиот воздушен простор откако помина низ ирачкиот и сирискиот воздушен простор, беше неутрализирана навреме од воздушната и ракетната одбрана на НАТО распоредена во источниот Медитеран“,
објави Министерството, пренесе „Хуриет“.
Поради тоа, Турција го повика иранскиот амбасадор во земјата на состанок со цел да изрази протест.
Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, изјави дека го осудуваат иранското насочување ракети кон Турција.
„НАТО цврсто стои со сите сојузници, вклучително и Турција, додека Иран продолжува со своите неселективни напади низ регионот“,
рече таа.
