Од вкупно 2 868 активни случаи со ковид-19 во земјава, 1 653 се во Скопје.
Според статистиката од вчера, најмногу од нив се во општината Чаир – 363, по што следуваат: Гази Баба – 148, Бутел – 133, Аеродром – 129, Центар – 126, Сарај 125, Карпош – 115, Кисела Вода – 86, Студеничани 78, Ѓорче Петров – 69, Шуто Оризари – 65, Арачиново – 52, Илинден – 25, Петровец и Сопиште по 12, Чучер Сандево – 9, и Зелениково-1 случај.
Исто така, во Скопје има и 4 странци и 6 случаи се нераспределени по општини.
