Пцовисаните прици биле пронајдени во атар на селото Гарниково, кавадаречко

Две пцовисани ретки птици мршојадци, што се заштитен и редок вид, биле пронајдени во Кавадаречко, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес. Птици се дадени на обдукција за да се утврдат причините за пцовисувањето.
Во полиција било пријавено вчера во 11:25 часот од претставник на Македонско еколошко друштво.
Пцовисаните прици биле пронајдени во атар на селото Гарниково, кавадаречко.
Од СВР Велес велат дека увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи во Кавадарци.
Од страна, пак, на инспектор за животна средина и претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство, во присуство на претставници од Македонско еколошко друштво, птиците се подигнати и пренесени за вршење на обдукција на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.
