Според првичните информации, паднатото дрво предизвикало материјална штета на три возила и го попречува одвивањето на сообраќајот
Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска околу 15:30 часот, преку единствениот број за итни повици 112, е добиена пријава за паднато дрво на улицата „Вера Јоциќ“ во Општина Кисела Вода, во непосредна близина на средното економско училиште „Васил Антевски-Дрен“.

Според првичните информации, паднатото дрво предизвикало материјална штета на три возила и го попречува одвивањето на сообраќајот на наведената локација.
„Според првичните информации, дрвото го попречува сообраќајот, а се чувствува мирис на изгорен кабел, но нема активен чад. За настанатата состојба известени се СВР Скопје и ЈП ‘Паркови и зеленило’. Од МВР треба да направат увид на местото на настанот, а екипа од ЈП ‘Паркови и зеленило’ треба да го отстрани дрвото од коловозот“,
стои во соопштението на ЦУК.
