Мајката и детето загинаа во нападите со беспилотни летала врз станбена област во градот Боходухив во источниот Харковски Регион
Руските сили во текот на ноќта извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови. Во Одеса е погодена станбена инфраструктура од напад со беспилотни летала, а најмалку едно лице загина. Во Киев, пак, имаше експлозии како резултат на напади со балистички ракети.

Како што објави Ројтерс, во нападите со беспилотни летала врз станбена област во градот Боходухив во источниот Харковски Регион загинаа мајка и дете.
Russia launched a massive drones attack on #Odesa tonight & killed at least one people, turning off heating in multi-story buildings, report said. « No country in the world should be left alone & without assistance under such strikes & in such a war », #Zelensky said. #Ukraine🇺🇦 https://t.co/1Y2Y7Yr8XE pic.twitter.com/0bzNhm28sn
— The Ukrainian Week / Tyzhden (@ukr_week_en) February 9, 2026
По полноќ, украинските воздухопловни сили објавија дека руски беспилотни летала се приближуваат кон Одеса, по што се слушнале повеќе експлозии. Шефот на градската воена администрација, Серхиј Лисак, рече дека избувнал пожар на покривот на повеќекатната зграда и дека во нападот е оштетен гасоводот. Регистрирани се и опожарени автомобили.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека воздушната одбрана работи на пресретнување на ракетите, повикувајќи ги жителите да останат во засолништа. Веднаш по нападот, во најмалку еден округ на градот имаше прекин на електричната енергија.
Последиците од ракетниот напад врз Киев сè уште не се познати и нема информации за погодените цели.
Новите напади се дел од руската кампања против енергетската инфраструктура на Украина. Овие напади сериозно ја оштетија националната енергетска мрежа и доведоа до долгорочни ограничувања на електричната енергија поради многу ниските температури.
Државниот оператор на електричната мрежа „Укренерго“ објави дека енергетскиот систем на Украина останува под голем притисок, како и дека нуклеарните централи се делумно исклучени од мрежата.
Жителите на Киев имаат струја само по еден и пол до два часа дневно.
