„ССМ има нереално барање, претпоставувам дека тоа е координирано со СДСМ. ССМ тргна со барање за 450 евра за минимална плата, па 500 и дојде до 600 евра. Таа сума е преголема за буџетот на Република Македонија. За овој договор што денес го постигнавме Владата ќе одвојува околу 10 милиони евра на годишно ново“, рече Минчев
Министерството за јавна администрација со Министерството за финансии, предводено од премиерот Христијан Мицкоски, разговорите со репрезентативните грански синдикати УПОЗ и САДУ ги води повеќе од една година. Денеска е постигнат историски договор со кој платите на вработените во јавната администрација, кои беа на ниско ниво, до крајот на 2027 или на почеток на 2028 година, март или април, ќе бидат зголемени до 40 отсто, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев вечерва во „Дневникот“ на телевизија Сител.

„Во овие 40 отсто се и годишните усогласувања кои им следуваат на вработените во јавната администрација на годишно ниво“,
рече Минчев.
Тој најави дека по овој договор што е постигнат денеска Министерството за јавна администрација ќе пристапи кон подготовка на текст кој ќе биде колективен договор, во соработка со Министерството за финансии и како единствен примерок ќе биде поединечно понуден до секоја институција во јавната администрација. Со ова, како што рече тој, се затвора пакетот на вработени во целиот јавен сектор, ако се тргнат настрана вработените во локалните самоуправи и во ЈП, за кои важат други закони.
Прашан за минималната плата, министерот Минчев рече дека таа може да се гради врз база на договор што се одвива во Економско-социјалниот совет.
„ССМ има нереално барање, претпоставувам дека тоа е координирано со СДСМ. ССМ тргна со барање за 450 евра за минимална плата, па 500 и дојде до 600 евра. Таа сума е преголема за буџетот на Република Македонија. За овој договор кој денес го постигнавме Владата ќе двои околу 10 милиони евра на годишно ново“,
рече Минчев.
