Сите преговори треба да вклучуваат ограничување на балистичките ракети и прекин на поддршката за Иран, велат од кабинетот на Нетанјаху
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп во среда ќе се сретнат во Вашингтон за да разговараат за ситуацијата во Иран, пренесува Ројтерс.
„Веруваме дека сите преговори треба да вклучуваат ограничување на балистичките ракети и прекин на поддршката за Иран“,
се наведува во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

Средбата, како што се наведува, беше закажана за 18 февруари, но е поместена по индиректните разговори меѓу САД и Иран кои се одржаа во Оман. Преговорите беа со акцент на нуклеарната програма на Техеран.
Трамп вчера соопшти дека САД имале „многу добри“ разговори со Иран и појасни дека се планирани повеќе разговори на почетокот на следната недела.
.
