Во Шпанија, метеоролошката агенција АЕМЕТ издаде највисоко ниво на црвено предупредување за делови од јужниот регион на Андалузија поради исклучителни дождови, предупредувајќи за поплави и лизгање на земјиштето
Бурата Леонардо го погоди Иберискиот Полуостров, носејќи поплави што принудија илјадници луѓе да се евакуираат, затворија училишта и откажаа железнички услуги. Леонардо е најновата во серијата бури што ја погодија Шпанија и Португалија оваа година, каде што лошите временски услови веќе одзедоа пет животи, а стотици беа повредени минатата недела, објави „Еуроњуз“.

Во југоисточна Португалија, маж на возраст од околу 60 години почина откако беше однесен од ненадејна поплава додека се обидуваше да помине низ поплавено подрачје со својот автомобил, соопшти националната агенција за цивилна заштита.
„Пронајдено е возило со еден патник, така што имаме еден смртен случај“,
изјави портпаролот, додавајќи дека несреќата се случила во близина на брана во општината Серпа.
Flash floods in Grazalema, Càdiz, Spain Wednesday evening (4 Feb).
— #كابتن_غازي_عبداللطيف (@CaptainGhazi) February 5, 2026
📹@CadizMeteo
pic.twitter.com/FT1TivFAIh
Пристигнувањето на Леонардо ги зголеми проблемите со кои се соочува Португалија, која сè уште се опоравува од минатонеделната бурата Кристин, во која загинаа најмалку пет лица, стотици беа повредени, а десетици илјади останаа без електрична енергија. Службите за итни случаи реагираа повеќе од 3 300 пати од неделата, главно на поплави, соборени дрвја и лизгање на земјиштето, според агенцијата за цивилна заштита.
Ангажирани се повеќе од 11 000 луѓе, а околу 200 жители беа евакуирани во централна Португалија. Во градот Алкасер до Сал, јужно од Лисабон, реката Садо се излеа од коритото и ја поплави главната авенија на градот.
Министерката за животна средина на Португалија Марија да Граса Карваљо, вчера изјави дека постои голема загриженост за последиците од бурата денеска, кога се очекува „врвот“ на ситуацијата.
Floods in Spain. How will these @Tesla's fair in all that water.
— LucreciaAldao🇪🇸🇵🇭🇺🇲🇬🇧🇨🇭🏴 (@LucreciaAldao) February 4, 2026
San Martín de Tesorillo, Cadiz 👇 pic.twitter.com/LG4vmNuS0z
„Според прогнозите на ИПМА, ќе има понатамошно влошување на времето во сабота и недела, иако се очекува да биде многу благ“,
рече таа.
Министерката, исто така, најави „нов врв“ на лошо време во понеделник, вторник или среда, на почетокот на следната недела.
Во Шпанија, метеоролошката агенција АЕМЕТ издаде највисоко ниво на црвено предупредување за делови од јужниот регион на Андалузија поради исклучителни дождови, предупредувајќи за поплави и лизгање на земјиштето. Главниот службеник за вонредни состојби на АндалузијА Антонио Санц, ја опиша ситуацијата во планинската општина Гразалема на прес-конференција како многу загрижувачка.

„Гразалема доби повеќе од 40 сантиметри дожд за само 24 часа, количината на дожд што Мадрид нормално ја добива за цела година“,
објасни портпаролот на AEMET, Рубен дел Кампо.
Околу 3 500 луѓе се евакуирани во Андалузија, а стотици војници им помагаат на спасувачките служби. Сите училишта во Андалузија се затворени, освен во најисточната покраина Алмерија.
Речиси сите приградски, регионални и меѓуградски железнички услуги во Андалузија се откажани, а поради состојбата на патиштата, не беше можно да се организираат заменски автобуски услуги. Десетици патишта се затворени.
