Цената на еуродизел (Д-Е V) ќе биде 68 денари по литар, а на екстра лесното масло за горење ќе биде 67 денари за литар
Од полноќ поскапува дизелот за половина денар по литар. Цената на бензините останува иста. Ова е денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Со ова се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77 отсто.
Цената на еуродизел (Д-Е V) ќе биде 68 денари по литар, а на екстра лесното масло за горење ќе биде 67 денари за литар.
Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 72 денари по литар, а еуросупер БС-98 за 74 денари по литар.
За 0,786 денари по килограм се зголемува и цената на мазутот и ќе изнесува 33,885 денари.
