Македонските превозници објавија дека од вечерва повеќе нема да ги блокираат товарните делови на граничните премини. Истата одлука ја донесоа и превозниците од Црна Гора, кои постигнаа договор со владата за нивните барања
Камионските превозници од Босна и Херцеговина и Србија веќе петти ден продолжуваат да ги блокираат граничните премини за товар. Превозниците од Црна Гора и С Македонија, пак, ги прекинаа блокадите откако Европската комисија објави нова визна стратегија која би го решила проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во шенген-зоната.

Членот на одборот Зијад Шариќ од Конзорциумот „Логистика“ изјави дека превозниците од Босна и Херцеговина бараат итна средба со премиерите на Република Српска, Сава Миниќ и Федерацијата БиХ, Нермин Никшиќ, како и со претседателката на Советот на министри, Борјана Кришто, со цел да се најде конкретно и итно решение за проблемите со кои се соочуваат во нивната секојдневна работа.
Според него, потребно е да се упати заеднички апел до Европската Унија кога станува збор за решавање на проблемот со должината на престојот на превозниците од регионот во земјите од ЕУ.
Следната недела во вторник на 3 февруари треба да се одржи состанок на министрите од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот на превозниците од регионот на шенген-зоната.
Македонските превозници објавија дека од вечерва повеќе нема да ги блокираат товарните делови на граничните премини. Истата одлука ја донесоа и превозниците од Црна Гора, кои постигнаа договор со владата за нивните барања.
Европската комисија усвои нова визна стратегија, во рамките на која ќе се разгледа посебен режим што ќе им овозможи на превозниците да останат во шенген-зоната подолго од 90 дена, без потреба од дозвола за работа или престој, но со строга контрола и јасно дефинирани правила.
Новата стратегија беше усвоена, по блокадите што превозниците од земјите од Западен Балкан ги почнаа на 26 јануари, како реакција на строгите правила на ЕУ за престој во шенген-зоната.
Камионските превозници се револтирани од правилата на ЕЕС бидејќи, според нив, тие се третираат како туристи и дозволен им е престој во земјите од ЕУ најмногу до 90 дена во период од 180 дена.
