Утре попладне и задутре се очекува облачноста да се зголеми, прво во западните делови од државата, а потоа насекаде да има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

На повисоките места и на планините ќе има и врнежи од снег.
„Минималната температура ќе биде од 3 до 6 степени, а максималната од 4 до 11 степени“.
велат од УХМР.
И во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд.
Попладне облачноста ќе се намали.
Утре попладне и задутре се очекува облачноста да се зголеми, прво во западните делови од државата, а потоа насекаде да има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег.
