„Осомничениот на 19 јануари, на наплатна станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски таблички, неовластено и со намера за продажба држел околу 10 грама хероин“, велат од Обвинителството во описот за случајот
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Осомничениот на 19 јануари, на наплатна станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски таблички, неовластено и со намера за продажба држел околу 10 грама хероин“,
велат од Обвинителството во описот на случајот.
Јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот поради постоење околности што упатуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и повторување на делото.
