Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до -5, додека максималните ќе се искачат од 1 до 7 Целзиусови степени
Променливо облачно со сончеви периоди – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои на повисоките места и на планините ќе бидат само од снег.

Попладне облачноста ќе се намалува. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до -5, a максималните од 1 до 7 Целзиусови степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Температурите ќе се движат од минимални -2 до максимални 4 степени.
Според најавата на УХМР, до сабота ќе биде променливо облачно со пораст на дневните температури, а од сабота повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во недела.
