Според локалните власти, ова е најсилниот руски напад од почетокот на годинава врз Харков, град што се наоѓа на околу 30 километри од границата со Русија. Шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, изјави дека главниот град Киев бил изложен на краток, но интензивен ракетен напад
Руските сили синоќа извршија големи ракетни напади врз Киев и Харков, соопштија украинските власти, а пренесува Ројтерс. Во нападот врз Харков загинаа четири лица, а шестмина се повредени. Засега нема информации за повредени и загинати во Киев.

Според локалните власти, ова е најсилниот руски напад од почетокот на годинава врз Харков, град што се наоѓа на околу 30 километри од границата со Русија.
Шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, изјави дека главниот град Киев бил изложен на краток, но интензивен ракетен напад.
Според украински извори, во текот на ноќта, во период од околу еден час, се лансирани приближно 20 балистички ракети.
#BREAKING
— ⚡️🌎 World News 🌐⚡️ (@ferozwala) January 13, 2026
Ukrainian authorities:
4 killed and 6 injured in a Russian airstrike on the city of Kharkiv in the east of the country last night @AlarabyTV
📌The cities of Kyiv, Kharkiv, Zaporozhye, Odessa & Pavlovgrad have been struck. pic.twitter.com/lqgOVOEOZX
Украинските вооружени сили сè уште не го коментираат целосниот обем на нападот, а исто така нема нема ниту потврда за нападите од руска страна.
Во Харков, град кој е честа мета на руските напади, се убиени четири лица, а шест лица се повредени.
Од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година, Русија често напаѓа украински градови со ракети и беспилотни летала, таргетирајќи ја енергетската инфраструктура и оставајќи милиони луѓе без електрична енергија и греење во текот на зимата.
