Блокадата ќе трае до полноќ по грчко, односно до 23 часот по македонско време
Од 17 часот по македонско време, грчките земјоделци ќе ја започнат шестчасовната блокада на граничниот премини „Евзони“ кон нашата земја за влез и излез од Грција. Според најавите, блокадата ќе трае до полноќ по грчко, односно до 23 часот по македонско време.

Грчките земјоделци го блокираа ГП „Евзони“ во истиот период вчера. Во однос на плановите за следните денови, според дописничката на МИА од Атина, како и досега, одлуките ќе ги носат во последен момент, особено откако земјоделците изразија подготвеност да се сретнат со грчкиот премиер во вторник следната недела.
Вчера претпладне земјоделците во цела Грција ја започнаа најавената 48-часовна блокада низ целата земја, но по новата покана за дијалог и средба упатена од Владата, решија да повлечат дел од блокадите на споредните патишта, но и натаму остануваа блокадите по автопатите во земјата.
