На прашањето како ја коментира изјава на Артан Груби дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе освојат приближен број гласови, па за формирање влада одлучувачки ќе бидат гласовите на ДУИ и условот за премиер Албанец, генералниот секретар СДСМ вели дека тоа ќе биде одлука на граѓаните.
„Граѓаните се тие коишто кажуваат на кого го даваат мандатот и граѓаните избираат преку фер и демократски избори на кого ја пренесуваат довербата за понатаму да се избере премиерот и претседателот на Владата. Не некој друг, туку граѓаните одлучуваат за изборот и ние сме убедени дека разликата во истражувањата кои многу добро ги знаат сите политички субјекти, многу добро ја потврдуваат широката голема предност на коалицијата предводена од СДСМ и ние очекуваме чист мандат даден од граѓаните за да имаме општество без непотизам и корупција и оваа земја да продолжи да чекори напред. Граѓаните, а не кој било друг, одлучуваат на кого ќе го дадат мандатот за состав на новата влада“,
рече Николовски.
Николовски порача дека несериозно е во овој момент да се зборува за какви било условувања.
„Граѓаните одлучуваат и граѓаните даваат мандат. Мандат не дава ниту Артан Груби ниту кој било друг политичар. Никој во име на граѓаните не смее да уценува, да заканува и да условува, тоа време на закани на условувања граѓаните го имаат затворено. Дојде слобода, демократија, нашата земја е полноправна членка на НАТО, тоа се изборивме да го оствариме во овој мандат, тоа е огромна благодат за сите граѓани, остваривме исклучителни резултати во последниот период, од тие резултати нема да се срамиме, државата влегува во најубавиот период за нашата земја и за било која земја членка на унијата, а тоа период на преговарање, на трансформирање на општеството и создавање на независни и одговорни институции. Нашиот целосен фокус во овој период е да разговараме со граѓаните и за нашата понуда и за нашите кадри и за она што го нудиме, а граѓаните го перципираат како одговорни и сериозни политики. Мислам дека несериозно е во овој момент да се зборува за какви било условувања, можности или сето она што како тема се отвора во јавноста. Граѓаните се тие коишто преку фер и демократски избори треба да го дадат мандатот за состав на новата влада“,
рече Николовски .
