Тој додаде дека целта е да се отвори широк фронт со граѓаните, политичките чинители и граѓанскиот сектор, со цел да се стави крај на, како што ја нарече, „криминалната власт“

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека утре ќе бидат познати имињата на новото раководство на партијата. Ова следува откако на почетокот на декември, на негово барање, оставка поднесе целиот досегашен раководен тим.
Во изјава за централниот дневник на Сител, Филипче потврди дека списокот со новото раководство е веќе готов.
„Тука ќе се избере новото партиско раководство – новите потпретседатели и новите членови на Извршниот одбор. Практично една нова сила во партијата, една комбинација на искусни и млади кадри“,
изјави Филипче.
Тој додаде дека целта е да се отвори широк фронт со граѓаните, политичките чинители и граѓанскиот сектор, со цел да се стави крај на, како што ја нарече, „криминалната власт“.
На 2 декември, целото раководството на СДСМ поднесе оставка, потег кој од партијата тогаш го опишаа како одговорен и морален чекор што отвора простор за кадровско освежување и зајакнување и внатрешна мобилизација за нова сила и енергија.
