Минималните утрински температури ќе се движат од -4 до 3 степени, а дневните од 9 до 15 степени
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност. Во претпладневните часови, по одделни котлини и речни долини ќе се задржи магла, која постепено ќе ослабне и ќе се намали во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Минималните утрински температури ќе се движат од -4 до 3 степени, а дневните од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне е можна појава на магла во делови од котлината. Потоа ќе преовладува сончево и тивко време со мала до умерена облачност. Температурите ќе се движат од -2 степена во утринските часови, до максимални 11 степени преку ден.
Во следните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и стабилно време, со температури повисоки од вообичаените за овој дел од годината. Во ноќните и во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини се очекуваат магла и зголемена облачност.
